Продажбата на автомобили во Европа – Скок за 21% во август

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Продажбата на нови автомобили во Европа се зголемува 13-ти последователен месец  благодарение на електричните возила

Вкупната бројка од 904.509 продадени нови автомобили во Европа во август е зголемување за 21 отсто, објави индустриското здружение ACEA. Здружението не ги разложува регионалните продажби по земја на потекло и не ги детализира регистрациите на секој производител по погонски агрегат.

Но, големата побарувачка за електрични возила, која за прв пат надмина 20 проценти од продажбата во ЕУ, зборува зошто кинеските компании се повеќе сакаат да бидат присутни на пазарот. Производителите на автомобили предводени од Volkswagen Group и Stellantis бележат најголем пласман што се препишува на натрупаните  нарачки за време на недостигот на делови од пандемичните нарушувања.

Продажбата сè уште е намалена за една четвртина од нивото пред пандемијата. Tesla која го увезува Model 3 од својата фабрика во Шангај постојано ги намалуваше цените оваа година, додека кинеските компании, вклучувајќи ги BYD и Nio, притискаат во Европа. Бројот на нови ЕВ регистрирани низ Европа се искачи за 102 отсто во август. Од вкупно продадените 197.000 ЕВ минатиот месец,

Германија апсорбирала речиси 87.000. Франција, која е во процес на редизајнирање на своите субвенции за ЕВ за да ја зајакне продажбата на локално произведените модели, се рангираше на второто место, со продадени 19.700 ЕВ. Во Обединетото Кралство, регистрациите скокнаа за 72 отсто на нешто повеќе од 17.000 возила. VW продаде најмногу патнички автомобили во регионот на сите видови погони, со 240.500 регистрации, што е за 21 отсто повеќе од пред една година.

Групацијата Stellantis ја зголеми продажбата за 6,3 отсто на околу 145.400 возила минатиот месец. Аналитичарите предупредуваат дека побарувачката што ја надминува понудата може да се промени кон крајот на годинава бидејќи производството на возила ќе се нормализира и нарачките ќе „омекнат“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER