Проблеми со возилата, но некои поинакви…
Објавено на 24 јуни 2019 година
Реномираниот J.D. Power излезе со поинакви резултати – место возилата овој пат беа рангирани дефектите што се јавуваат кај нив. А тие благо кажано, делуваат изненадувачки. Според нив, најкритичен дел кај современите автомобили се трендовските технологии кои опфаќаат дури половина од регистрираните проблеми. Најмногу инфо-забавните системи на кои се пожалиле 16,6 отсто од возачите. Од друга страна, алармите и темпоматите им создале главоболки на 11 пати помалку луѓе. Зачудувачки делува што бројот на пријавени дефекти е поголем кај премиум производителите. Тоа го докажува фактот дека како најдоверливи се покажале моделите на Peugeot и Škoda, додека Volvo е единствениот премиум бренд меѓу првите десет. Експертите на J.D. Power оценуваат дека ваквите резултати ги прават купувачите скептични према новите технологии кои сé повеќе се форсираат. Според нив, најмногу штета преку создадената недоверба ќе биде нанесена на автономните возила.
Со истражувањето беа опфатени 11.500 сопственици на автомобили стари меѓу 12 и 36 месеци. Оценувани се скоро 180 параметри од возилата – од споменатите системи до вообичаените механички дефекти.