Високоперформансниот 001 FR ќе чини преку 125.000 евра
Кинескиот Zeekr ќе лансира луксузен спортски модел со цена од преку милион јуани
Премиум марката Zeekr која е под кровот на Geely во наредните пар недели планира да лансира спортски модел, со цел првата серија да ја испорача веќе оваа година. Со ознака 001 FR засега се познати ограничени детали за него, илустрирани со две фотографии кои ги објавија Кинезите. Во споредба со стандардниот хечбек 001 предниот дел е ажуриран со поголеми отвори за воздух, а и маската исто така малку порасна. Праговите од стана исто така се зголемени, а назад може да забележиме спојлер од јаглеродни влакна, нов браник и изразен дифузер. Промени сигурно ќе има и во внатрешноста, но во колкав обем не се знае.
За моторизацијата не е познато ништо. Стандардниот Zeekr 001 се продава со батерии од 86, 100 и 140 kWh. Најмоќната верзија има пар електромотори кои испорачуваат комбинирани 536 KS, додека верзијата која најмногу е фокусирана на автономијата може да помине дури 1.030 km со едно полнење. За 001 FR се претпоставува дека ќе има погонска група со три или четири електромотори. Локалните медиуми шпекулираат со цена над милион јуани, што е три пати повеќе од почетната цена на стандардниот модел.
Основан 2021-вата како премиум марка на електрични возила, Zeekr во понудата има три модела со стартни цени во распон од 190 илјади (24.000 евра) до 500 илјади јуани (63 илјади евра).