Премиера – VW ID.7 Tourer

Со огромен багажен простор и автономија до 685 километри, ID.7 Tourer отвора ново поглавје кај електричните каравани

Караван верзијата на лимузина ID.7 ветува многу. Покрај дополнителниот товарен капацитет што доаѓа со примамливо обликуван заден дел, воведен е поголем пакет батерии и вештачка интелигенција која преку ChatGPT ќе помага и на возачот и ќе ги забавува патниците.

Караванот ID.7 ќе се нуди само во Европа, но добра вест за целиот свет е дека новата батерија од 86 kWh ќе влезе и во понудата на седанот за изведбата Pro и ќе овозможи поминување на 685 километри од полнење до полнење.

Основниот ID.7 Tourer доаѓа со познатата батерија од 77 kWh. Поголемата батерија може да се полни со 200 kW, наместо 175 kW. Тоа значи дека за полнење од 10-80 проценти потребни се 28 минути во поевтиниот автомобил и разумни 30 минути во Pro.

Лансирањето на моделот започнува со верзијата со единечен електричен мотор од 286 КС што ги движи задните тркала. Подоцна ќе дојде и верзијата со два мотори и погон на сите тркала.

VW вели дека багажникот натоварен до прозорецот има капацитет од 605 литри што е за 35 повеќе од BMW i5. Максималниот товарен капацитет со спуштени задни седишта е 1.714 литри. Од дизајнерски аспект на предниот дел не се разликува од лимузината ID.7 а неопходните зафати на задниот дел му донесоа Shooting brake форма. Во внатрешноста го имате истиот мал дигитален пакет инструменти и голем, 15-инчен екран на допир на таблетот кој лебди над централната конзола.

Она што е ново е интеграцијата на ChatGPT AI технологијата со подобрен гласовен асистент IDA кој може да управува со повеќе карактеристики на автомобилот и да истражува информации на интернет, како и head-up дисплеј кој сега покажува упатства за навигација од Apple CarPlay и Android Auto.

Засега VW ID.7 Touring ќе се продава само во Европа каде нема многу конкуренти. Продажбата на VW ID.7 Touring ќе започне во март кога ќе бидат познати и цените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER