Премиера – VW Amarok

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Германец со американски гени

Новиот Amarok настапи на сцената. Колку е успешен овој модел покажува фактот дека првата генерација се одржа дури 12 години на пазарот со мали освежувања.

Volkswagen Amarok е претставен во сосема ново руво, откако првата и засега единствена генерација на „народниот“ пик-ап служеше цела вечност. Првиот Amarok опстојуваше 12 години на пазарот и речиси згасна и покрај фактот што сегментот на пик-ап значително расте. Едноставно, во својата стратешка одлука да се посвети на електрификацијата на возилата, VW немаше ниту средства, ниту ресурси, ниту волја самостојно да се вклучи во развојот на новата генерација на  Amarok. Сепак, со продадени над 830.000 примероци Amarok докажа дека пик-ап сегментот е сериозна работа и би било голема штета да се прекине моделот. Затоа склопен е пакт со Ford. Американците ќе обезбедат основа за повеќе комерцијални возила, додека за возврат ќе добијат електрични платформи. Затоа VW Amarok е базиран на шасијата на новиот Ford Ranger и како тврди VW не е Ranger со изменети амблеми на решетката на ладилникот и на воланот. Со должина од 5.530 mm е за 96 mm подолг од неговиот претходник. Поставен е на целосно новата платформа Ford T6 со меѓуоскино растојание продолжено за дури 173 mm, што сега изнесува импресивни 3.270 mm. Во пракса, Amarok има пократки надвиси над предните и задните тркала, што ги подобрува аглите на пристап и излез при возење надвор од патот. Во однос на дизајнот и стилот, Volkswagen се потруди околу деталите на решетката на ладилникот и браниците, а пред се со препознатливите LED светла за дневно возење. Производителот тврди дека новиот Amarok е поизразен во стилот и додава дека меѓу опциите ќе има одлични авто-адаптивни VW IQ светла со матрична функција. Сепак, за да се рационализира развојот и производството, многу работи се идентични помеѓу новиот Amarok и Ranger, како што се сите прозорци, покривот, рачките на вратите, куќиштата на ретровизорите. Во внатрешноста превземени се повеќе детаљи од Ranger како инфозабавниот систем со стандарден дијагонален екран од 10 инчи (12 инчи опција по избор) и Sync4 платформата на која работи. Сепак, VW направи напор да му даде на ентериерот свој печат преку воланот, дигиталната инструмент табла, комплетната централна конзола и сосема различни материјали во кабината.  Во однос на својот претходник новиот Amarok има зголемена носивост од 1.160 килограми, а носивоста на багажникот на покривот е зголемена за цели 150 килограми, па сега е може да се натовари со вкупна тежина од дури 350 килограми, а може да влече приколка тешка до 3.500 килограми. Volkswagen Amarok, кога ќе биде промовиран кон крајот на годинава, ќе се нуди со три мотори и седум моќности. Почетна точка е четирицилиндричниот 2.0 TDI со 150 или 230 КС со еден турбополнач или 205 или 211 КС со два турбополначи. Како и досега, доаѓа и со 3.0 V6 TDI со 240 или 250 КС, во зависност од пазарот на кој ќе се продава. Планот е да се понуди бензинска верзија со 2,3 литрен четирицилиндричен турбо мотор од 300 КС, а клиентите ќе можат да избираат помеѓу две верзии на погон на сите тркала. За почеток на продажбата ќе биде понудена верзија со „двојна кабина“ со четири врати, во пет основни пакети на опрема, од кои пакетите Aventura Panamericana се ориентирани кон клиентите кои поминуваат повеќе време во возење надвор од патот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER