Новиот електричен кросовер е најмалиот модел на Volvo, доаѓа со два пакети на батерии и забрзува до стотка за 3,6 секунди!
Малиот, но моќен ЕХ30 не само што ќе биде најпристапниот модел на марката, тој ќе биде и најбрз. Оваа комбинација е една од причините зошто менаџментот на Volvo е уверен дека овој модел ќе има клучна улога во остварувањето на планот до 2025 година да се достигне производство на 1,2 милиони возила годишно, од кои половината да бидат потполно електрични!
Да не делува сето ова како прикаска за амбициите на една марка, ќе се фрлиме на фактите. EX30 е најмалиот и најевтин кросовер на Volvo. Од друга страна тој има најдобро забрзување благодарение на фантастичните 3,6 секунди до 100 км/ч. Судејќи според изгледот не е жртвувано ништо во поглед на дизајнот, можеби е дури и најсимпатичниот модел што го произведуваат Швеѓаните.
Силна страна на скандивскиот дизајн е едноставноста и рационализмот. Volvo го дизајнираше EX30 за да ги минимизира трошоците без да го жртвува врвниот квалитет. Приоритет е ставен на она што е важно за брендот.
Наместо да се одземат трошоците од интерактивните површини и материјали, намалени се трошоците од електрониката и технологијата со тоа што се поедноставени и поефикасни. Така, звучниците на предната врата се во форма на лента за звук под шофершајбната и преместени се прекинувачите за прозорците на централната конзола. Тоа го зголеми капацитетот за складирање во вратите.
Следејќи го примерот на Tesla, Volvo се откажа од класичниот кластер на инструменти пред возачот и ги премести критичните информации за возење на 12,3-инчниот инфозабавен екран. На ова се надоврзува лизгачки систем на централната конзола.
Во него сега можат сместат предмети со различна големина, како чанта или паметен телефон. Овие остварувања ја зголемуваат ергономијата во внатрешноста и задоволството на престојот во кабината. Иако е со компактни димензии ЕХ30 нуди полн простор за четири патници. Тоа е добиено од подвозјето превземено од новиот Smart#1 и нема ништо заедничко со поголемиот ХС40 Recharge.
На меѓуоскино растојание од 2.650 мм, каросеријата на EX30 од браник до браник се растегнува на 4.233 мм што е за добри 19 сантиметри пократко од ХС40. Но, ако веќе правиме споредба тогаш неминовно е да забележиме дека ЕХ30 ќе биде многу поевтин. Како што е најавено базичната изведба во ЕУ ќе се продава за 36.000 евра. Тоа е изведбата Плус со мотор поставен на задната оска силен 200 kW.
Со оглед на неговата цена обезбедува изненадувачки перформанси.Спринтот до стотка го совладува за 5,7 секунди, а батеријата од 54 kWh може да покрие до 344 километри според WLTP и да се полни од 10 до 80 проценти за 28 минути. Купувачите кои сакаат да имаат поголема автономија можат да го добијат за 41.000 евра.
Тогаш се добива батерија од 69 kWh што ги подобрува перформансите, опсегот и времето на полнење. Кај оваа изведба забрзувањето е покусо и дометот расте на 480 км. EX30 Twin Motor Performance е најсилната и најскапата, чини околу 45.000 евра. Таа има погон на сите тркала со вкупна сила од 422 коњи. Батеријата од 69 киловат часови напојува два мотора, 154 КС на предната и 268 КС на задната оска.
Поради двата мотори опсегот е намален на 460 км што љубителите на перформансите нема да го земат како недостаток. Почетно ниво на опременост е наречено Plus и содржи се што ќе им треба на повеќето купувачи.
Пакетот нуди тркала од 18 инчи, покрив со контрастна боја, предни LED светла, адаптивна контрола на патувањето, греење на седиштата и воланот, многу електронски безбедносни помагала, топлинска пумпа, полнач од 11 kW, Harman Kardon аудио систем и 12,3-инчен вертикален екран на допир со Apple CarPlay, Android Auto и Google Assistant.
EX30 ќе биде првиот модел на Volvo кој нуди предупредување за отворање на вратите, предупредувајќи ги луѓето во автомобилот преку визуелни и аудио знаци дека во опсегот е велосипедист или друг учесник во сообраќајот што поминува. Системот ќе биде дел од стандардната безбедносна опрема на EX30.
Другите стандардни безбедносни карактеристики на EX30 вклучуваат систем за предупредување на возачот со сензор зад воланот кој ги детектира движењата на очите и лицето околу 13 пати во секунда. Следната година, Volvo ќе му донесе поцврст изглед на EX30 со подигната Cross Country варијанта.

Производствот ќе се одвива во Кина во фабриката на Geely каде се прави и електричниот Smart#1.



