Стремејќи се кон небесните височини, Renault на воздухопловниот саем во Париз ја престави купе верзијата на Austral наречена Rafale.
Спуштениот покрив прави атрактивниот кросовер да изгледа поелегантно и отмено, што француските дизајнерите го нагласија и со некои стилски детали.
Долниот дел од браниците и праговите под вратите се со црни облоги со остри линии. Дневните светла се во облик на стрелка, а маската со дијамантска шема. На високо издигнатиот заден дел пријатно обликуван за очите е интегриран мал спојлер под кој се поставени светлата во облик на буквата Y.
Во внатрешноста владее дигиталниот кокпит со два големи екрани и head-up дисплеј, а од Renault нагласуваат дека и покрај спуштениот заден дел има доволно простор за главите на патниците.
Според габаритите Rafale е за број поголем од Megane Conquest. Во моторната понуда засега е само 1,2 литарскиот трицилиндричен турбо агрегат кој комбиниран со електромотор располага со 200 коњски сили.
Подоцна ќе биде понудена и 300-коњска плаг-ин варијанта со погон на сите четири тркала и посебно калибриран систем за управување. Продажбата на Rafale кој ќе се произведува во Шпанија ќе стартува напролет идната година, кога ќе бидат познати и цените.



