Премиера – Renault Espace

Моноволумен во улога на теренец

Од улогата на пионер во сегментот на моноволуменци во Европа, Espace станува еден од многуте теренци

Renault тврди дека новата генерација на Espace ја задржа својата ДНК. Тоа помалку е контрадикторно бидејќи кога го лансира во 1983 година беше првиот моноволуменц од европски производител. Таквата класификација остана во досегашните пет генерации.

Сега трендовите налагаат поинаков пристап на кого сите се прилагодуваат. Наскоро Renault ќе почне да го испорачува новиот Espace кој е достапен во изведби со пет и седум седишта, ќе има 27 системи за асистенција и опционално управување на сите тркала.

Без оглед на бројот на седиштата каросеријата е долга 4,72 метри, има 18 сантиметри оддалеченост од тлото, со пократка надворешност доби поголема внатрешна должина, а вкупната тежина во однос на претходната генерација е намалена за 215 килограми.

Во зависност од бројот на седиштата, волуменот на багажникот варира помеѓу 159 литри и 1818 литри, додека средниот ред може да се лизга 22 сантиметри. Интерирот е силна страна на Renault каде со употреба префинети материјали и внимателна завршна обработка внатрешноста делува отмено.

Просторноста ја акцентира и најголемиот панорамски покрив на пазарот со површима од еден квадратен метар. Дури и почетната верзија Techno има кокпит со два екрани. Пред возачот е хоризонтален, а централниот е вертикално поставен. Инструментите и податоците неопходни за возењето се проектираат на површина од 12,3 инчи додека за инфозабавниот систем е задолжен централниот дисплеј од 12 инчи.

Како опција е достапен и head-up дисплеј од 9,3 инчи. За движењето задолжен е хибриден погон. На почетокот понудена е само една опција. E-Tech Full-Hybrid 200 се состои од трицилиндричен турбо бензински мотор и две електрични единици. 1,2-литарскиот мотор со согорување испорачува 131 КС и 205 Nm вртежен момент.

Него му помага главниот електричен мотор со сила од 50 kW со иста количина вртежен момент како бензинецот. На менувачот е интегриран стартер генератор што испорачува дополнителни 18 kW и 50 Nm.

Служи како стартер и за менување на 14-те можни преноси на мулти-режимскиот менувач. Renault тврди дека потрошувачката ќе биде 4,7 литри на 100 километри во најлесната верзија. Со шестата генерација Espace успешно се трансформира. Од приложеното може да се заклучи дека тоа е само декларативно.

Неговата форма и функционалност остана моноволуменска додека во категоријата на теренци влегува поради растојанието од тлото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER