Премиера – Porsche Panamera 4 E-Hybrid & 4S E-Hybrid

Купувачите ги сакаат достапните хибридни погони на Panamera па на некои пазари понудата е само електрифицирана

Третата генерација на Panamera ќе понуди четири хибридни модели. Лани беше претставен Turbo E-Hybrid со 680 КС, сега линијата е збогатена со уште две изведби, а подоцна годинава треба да дојде Turbo S E-Hybrid.

Двата нови приклучни хибриди како основа го користат 2,9 литарскиот V6 кој благодарение на електриката се зголемува на системска моќност од 470 КС на основниот E-Hybrid и 544 КС кај 4S E-Hybrid. Статистиката за двата нови хибридни модели на Panamera покажува дека E-Hybrid добил дополнителни 8 КС, но моќноста на S E-Hybrid е намалена за 16 коњи.

Интересно е што спринтот на послабата по сила верзија е подобрен за малку и сега до стотка стига за рамно четири секунди а нејзиниот брзинометар запира на бројката 280. Во апсолутни бројки Panamera S E-Hybrid е побрза со крајните 290 км/ч, но задржано е забрзувањето од мирување на 3,5 секунди. Електричниот мотор кој се наоѓа во PDK менувачот и испумпува 190 КС што е за 54 КС повеќе во споредба со претходната изведба.

Новите хибриди ја добива истата батерија од 25,9 kWh, што е за 45 проценти поголема од единицата од 17,9 kWh користена на стариот автомобил. Ова ја зголеми електричната автономија до 94 километри. На поголемите батерии, се разбира, им треба подолго време за полнење, но Porsche има 11 kW вграден полнач за да помогне да се забрзаат работите.

Списокот на опрема е прилично долг и вклучува ставки кои не се во менито на претходните модели, вклучувајќи ги вратите со меко затворање, прилагодување на седиштата во 14 насоки, греењето на воланот и помош за промена на лента. Двокоморните воздушни пружини и PASM приспособливи амортизери се стандардни кај двата модели, но купувачите исто така добиваат можност да се надополнат со поставката Active Ride која користи хидраулична пумпа со електричен погон.

Осем зголемената удобност овој систем овозможува  автомобилот да се подигне или спушта за да се олесни влегувањето и излегувањето. Новите модели ќе почнат да се испорачуваат до крајот на јуни, но веќе можат да се нарачаат. Во Македонија Panamera 4 E-Hybrid се нуди за 147.500 евра, додека помоќната Panamera 4S E-Hybrid е поскапа за 17.000 евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER