Лавот ја предводи електричната револуцијата на Stellantis

Пред неколку дена ве информиравме за денешното лансирање на новиот модел на „лавот од елисејските полиња“. Денеска имаме повеќе детали за него. Голема пожртвуваност, креативност и техничко знаење е вложено во Е-3008. Peugeot е прв во групацијата Stellantis што ја користи новата STLA Medium платформа. Затоа гордо е применет дизајнерскиот јазик на компанијата. Препознатливоста на припадноста ја обележува силуетата со издигнат заден дел, веќе промовиран кај 408, но сега мајсторски адаптиран во форма на кросовер. Аеродинамичната контура е исполнета со елеганција, мускулност и просторност распространети  на добро избалансирани пропорции. Припадник на сегментот компактни кросовери (4,54 м должина, 1.89 м широчина и висина 1.64м) Е- 3008 нуди доволно простор во кабината и овозможува комоција за патниците и сместување на багажот (520 литри). Линијата на покривот се спушта но не влијае на просторот на задната клупа, ниту на товарниот волумен чии 520 литри се повеќе од доволни. Во изведбата со два мотори, и погон на сите тркала одземаат 50 литри од капацитетот на багажникот. Новата платформа испорачува повеќе практичност во интериерот. Меѓуоскиното растојание од 2.739 мм е за 64 мм поголемо од стариот 3008, што треба да им даде на патниците на задните седишта забележително зголемување на просторот за нозете. Внатрешноста ја краси доминантниот 21 инчен заоблен панорамски дисплеј на Peugeot i-Cockpit како и употребените материјали на кои им е посветено големо влијание. Целата внатрешност зрачи со пријатен амбиент за престој а за удобноста не треба многу да се зборува бидејќи на неа Peugeot традиционално обврнува посебно внимание. Веќе знаевме дека на располагање ќе бидат три верзии различни со сила, погон и автономија. Почетната изведба има електричен мотор поставен напред што испорачува (157 kW / 210 КС) и 343 Nm. За спринтот до стотка потребни се лежерни 8,7 секунди и може да помине 525 км со својата батерија од 73 kWh. За оние со потреба за поголемо „шпартање“ наменета е изведбата со поголем домет. За разлика од основната варијанта, оваа акумулира 98 kWh што е доволно за поминување 700 км. Покрај тоа испорачува поголема моќност (170 kW / 230 КС), иако тежи 60 кг повеќе. Купувачите кои бараат повеќе моќност ќе бидат задоволни со изведбата Electric 320. На основната изведба додаден е мотор на задната оска (80 kW / 110 КС) и 166 Nm. Така се добиени (240 kW / 320 КС), погон на сите тркала. Воедно оваа изведба е најбрза со 6,4 секунди забрзување до стотка од мирување. Изненадувачки, Peugeot тврди дека најсилната варијанта ќе има идентична автономија според нормата WLTP како и основната, 525 километри. Сите три верзии на Е-3008 стандардно се испорачуваат со вграден полнач од 11 kW, како опција е достапна надградба од 22 kW и може да прифатат полнење од 160 kW. Тоа е доволно за да се наполнат стандардните од 20-80 проценти за 30 минути, додека на моделот 230 Long Range му требаат пет минути помалку бидејќи ќе се приклучи на линијата малку подоцна и ќе има различна технологија на батерии. Фокусот на Peugeot е на електричниот погон, но Stellantis STLA Medium платформата исто така располага со приклучни хибридни погонски единици, а Peugeot ќе ги претстави оние во верзијата на 3008 која нема да има „Е“ пред бројката. Според најавеното, E-3008 ќе започне да се продава во Европа во февруари 2024 година, а првите модели што ќе бидат комерцијализирани се основниот Е 210 и бензинскиот хибрид за кој сè уште нема официјални детали. Преостанатите електрични и приклучни хибриди ќе се приклучат на гамата до крајот на септември идната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER