Премиера : Lancia Ypsilon – Преродена по теркот на Stellantis

Lancia за инаугурацијата на Ypsilon ќе направи само 1.906 примероци наречени Limited Edition Cassina и ќе чини 40.000 евра

Lancia конечно официјално го претстави електричниот Ypsilon. Наречен како „Ренесанса“, конечно започна долго очекуваниот и одложуван препород  на занемарената марка. Четвртата генерација на Ypsilon го користи познатиот хардвер од групацијата Stellantis, делијќи го со Peugeot 208 и Opel Corsa.

Сепак, тој се издвојува со уникатно стилизирани панели на каросеријата и внатрешен дизајн, додавајќи голема доза на италијански шмек во мешавината. Служејќи како прв сериски модел на новиот стилски јазик на Lancia, Ypsilon ја интегрира осветлената верзија на маската „calice“ и тркалезните задни светла инспирирани од иконата Lancia Stratos.

Внатре, голем акцент е даден на висококвалитетните материјали и уникатните карактеристики на дизајнот, така што кабината наликува на „италијанска дневна соба“. Ова чувство е нагласено благодарение на соработката со Cassina, италијански бренд за мебел од висока класа, што придонесе за изборот на материјали и бои. Посебните карактеристики ги вклучуваат кадифените тапацирани седишта со носталгичниот мотив „канелони“ и кружната централна конзола што изгледа како масичка за кафе.

Новиот Ypsilon е првиот модел што го претстави инфозабавниот систем SALA на Lancia, кој ќе го најде својот пат во целата идна гама. Дигиталниот кокпит има два екрани од 10,25 инчи, додека осветлената топка на врвот на контролната табла служи како виртуелен асистент подобрен со вештачка интелигенција. Lancia е горда на технологијата ADAS велејќи дека Ypsilon е единствениот модел во сегментот кој стандардно доаѓа со способност за автономно возење на ниво 2.

Со димензии 4,08 метри должина, 176 ширина и 144 сантиметри висина претстаува значајни проширувања во споредба со неговиот 14 години стар претходник. Целосно електричната верзија на Lancia Ypsilon е опремена со електричен мотор поставен напред кој произведува 156 КС и 260 Nm. Енергијата се црпи од батериски пакет од 51 kWh, кој нуди опсег според WLTP до 403 километри. Кога е поврзан со компатибилен DC полнач, батеријата може да постигне од 20 до 80 проценти полење за 24 минути.

Подоцна ќе биде проследена хибридна верзија со благо електрифицираниот турбо мотор од 1,2 литри со три цилиндри и систем од 48 волти, позајмен повторно од витрината на Stellantis. Lancia ги откри деталите за цените за Ypsilon Limited Edition Cassina. Таа се нуди за 39.999 евра. Дали е тоа многу треба да процените самите. Новата генерација на Lancia Ypsilon ќе се продава на повеќе европски пазари, за разлика од претходничката која беше заробена само во Италија.

На нишан се Белгија и Холандија во средината на 2024 година, а Франција, Шпанија и Германија ќе следат до 2025 година. Критериумите на Lancia за постепеното ширење на пазарите е заснована на страста на локалниот купувач за производите „Произведено во Италија“. Среќа што Италија има огромна дијаспора горда на својата земја.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER