Премиера – Honda ZR-V

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Кросовер со голема агилност

Поставен меѓу HR-V и CR-V, ZR-V е наменет за млади купувачи кои бараат стилско, моќно и забавно возило.

Третиот по ред новитет што доаѓа од Honda може слободно да се нарече CR-V за почетници. Елегантната, стилска надворешност ја носи хибридната технологија од донаторот. Сепак, малиот кросовер има свој препознатлив карактер.

По димензиите компактен, ZR-V има квалитети со кои ќе се издвои од останатите модели на марката. Конструиран е да пружи агилни возни карактеристики и, во инает на малите димензии, да овозможи доволно простор за четири патници.  Во него е обезбеден исклучителен простор, практичност и удобност, пружајќи оптимална функционалност за лесно користење. Кабината е дизајнирана да биде лесно употреблива и флексибилна.

Ова е нагласено со голема понуда на места за одложување и товарен простор кој е поделен со преграда за помали предмети, складирање под подот и можност за собирање до 1.291 литар. Внатрешноста е типилно кросоверска со впечатливи нивоа на удобност.

Висококвалитетните материјали со детална завршна обработка се комбинираат со стилско осветлување низ кабината за да се создаде пријатен амбиент. На ова допринесува екранот осетлив на допир од девет инчи лоциран високо во централната козола. За разлика од CR-V нема верзија со приклучен хибрид.

Погонската група е наоружана само со самонапојувачки хибрид кој работи во тандем со дволитрениот бензинец. Со својот став и храбро дизајнираното лице, ZR-V дава силно присуство на патот што совршено ги надополнува неговите динамични перформанси.

Тенките предни светла и стилската сјајна црна решетка создаваат софистицирана естетика, а смелиот дизајн на задниот дел накитен со елегантни хоризонтални задни светла го заокружува динамичниот впечаток. Исто како неговите поголеми браќа CR-V и e:Ny1, ZR-V треба да пристигне во европските салони во последниот квартал на годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER