Пристигна шестата генерација на каравани од серијата 5 која е прва со електричен погон

Со претставувањето на Touring варијанта палетата на BMW 5 Series расте. Откако серијата 5 во лимузинска каросерија ја доживеа својата премиера лани, на ред дојде караванот, за кого сè уште постои добар интерес од купувачите. Новиот караван е сериозно голем. По седанот, караванот практично ја достигна должината на претходната генерација на серијата 7. Поточно сега е долг дури 5.060 мм а порасна и во ширина и во висина. Љубителите на каравани сакаат голем багажник, а капацитетот од 570 литри до висината на прозорецот сигурно ќе ги задоволи нивните апетити. Дополнителен аргумент се 1.700 литри кога ќе се преклопи задната клупа и фактот дека волуменот на багажникот не се намалува дури ниту кај електричната и верзијата со приклучен хибрид. Во однос на погонските единици караванската „петка“ нуди сè што се користи во автомобилската индустрија. Кај бензинците понудата започнува од 530e, која во комбинација со дволитрен бензински мотор и електромоторот достигнува 300 КС, а на струја може да се извозат и до 100 километри. Послабата верзија е 520d, која има 197 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, додека верзијата 540d исто така ќе се појави во летото 2024 година. Двете верзии кои користат мотори со внатрешно согорување може да бидат со погон на задните или на сите тркала. Како и седанот, караванот има две електрични изведби. BMW i5 eDrive40 Touring е опремена со електричен мотор од 340 КС и 430 Nm и се напојува од батерија од 81,2 kWh, со работен напон од 400 волти. За ентузијастите наменета е моќната M60 xDrive, која на постоечкиот електромотор додава уште еден на предната оска 261 испорачувајќи 600 коњи. И во овој случај се користи истата батерија, забрзувањето до стотка е 3,9 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 230 km/h. Според WLTP, фабриката декларира автономија до 500 километри. Според најавите на производителот, BMW Серија 5 Touring ќе пристигне во европските салони во мај оваа година.  

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER