ПРЕМИЕРА – Alpine A110 R

Строга диета за атлетски ефект

Новата ограничена серија ги поместува границите на моделот со средишно поставен турбаш.

Специјалната серија, ограничена на 100 единици а тежи 34 килограми помалку од претходниот врвен модел, A110 S. Сега буквата Ѕ е сменета со R, па направени се дополнителни зафати адекватни за тркачка патека. Новиот преден дел, оптимизираниот дифузор и задниот спојлер произведуваат дополнителни 14 килограми сила на потисок.

Во исто време, тие го намалуваат отпорот за околу пет проценти и обезбедуваат поголема стабилност при големи брзини. Резултатот е 3,9 секунди од 0 до 100 km/h и максимална брзина од 285 km/h. Поради широката употреба на јаглеродни влакна во внатрешноста и на каросеријата, новиот Alpine тежи само 1082 килограми и има соднос на моќност и тежина од 3,6 кг/кс. A110 R го користи познатиот 1,8 литарски турбо мотор со 300 коњи и во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка го мобилизира својот максимален вртежен момент од 340 Nm при 2.400 врт/мин. На диета се подвргнати и тркалата.

Направени од јаглеродни влакна од специјалистот Duqueine па се 12,5 килограми полесни од оние на A110 S. Хидраулично прилагодливите амортизери, со кои каросеријата може да се спушти за десет милиметри, фазите на враќање и компресија на амортизерите може рачно да се менуваат. Истото може да се направи со карактеристиките на моторот, менувачот, воланот и педалот за забрзување, звукот на издувните гасови и интервентните параметри на ESP системот. Постојат три различни програми за возење од кои можете да изберете, вклучително и една за тркачка патека со побрзо менување на преносите преку лопатките на воланот.

Внатрешноста на Alpine A110 R, вклучувајќи го воланот и школките на седиштата, е целосно обложена со микрофибер ткаенина. Наместо вообичаените рачки, има црвени ремени за затворање на вратите, позајмување од светот на мотоспортот. Стандардната опрема го вклучува, меѓу другото, вградениот телеметриски систем „Alpine Telemetrics“, кој во реално време ги прикажува зголемениот притисок, температурата на преносот, вредностите на забрзувањето, вртежниот момент, моќноста, аголот на управување и другите технички податоци. Бојата за лансирање Matt Racing Blue одговара на шемата на бои на актуелниот болид во Формула 1, А522. Покривот целосно јаглероден е обоен во сјајно црно. Никаде не се споменува цената, но важно од дека А110 R може да се резервира преку апликацијата Alpine.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER