Предвидовме и за жал испаднавме во право – горивата повторно поскапеа

Top News Македонија

Предвидовме и за жал испаднавме во право – горивата повторно поскапеа

Објавено на 26 мај 2020 година

Согласно своите овластувања, регулаторната комисија за енергетика на Македонија на денешната седница донесе одлука за корегирање на цените на горивата кај нас, и тоа за многу – на бензинот 95 за 3, а на оној од 98 октани и на дизелот за 2,50 денари. Согласно тоа, номинално од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува на 57,50 денари, на бензинот еуросупер БС-98 на 59,50 а на дизелот на 49,50 денари за литар. Според нивното образложение до ова е дојдено заради промените на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои кај бензинот забележаа зголемување за 23,66%, а кај дизелот за 16,74%. Истовремено доларот поевтини за 0,602%, со што имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според законски пропишаната методологија за пресметка на малопродажните цени на нафтените деривати, тие се зголемија во просек за 8,50%.