Први фотографии на Peugeot 208 :: Изгледа фантастично!

Top News Новитети

Изгледа фантастично!

Го чуваа како тајна, но не можеа да го сочуваат

Објавено на 23 февруари 2019 година

На Peugeot им протекоа првите фотографии на новиот 208. По чива грешка не знаеме, но знаеме дека цел свет го смета за заслужен што ги сервираше бидејќи францускиот субкомпакт изгледа фантастично. Впечатокот не може да го наруши ниту лошиот квалитет на фотографиите на кои сепак јасно се гледа дека тој има динамичен и модерен дизајн со елементи презедени од 508, кој го прави еден од најатрактивните автомобили во Б-сегментот. Слично е и во ентериерот во кој значајна новост е новиот кокпит кој вклучува дигитална инструмент-табла, новие прекинувачи, помал управувач, поголем централен екран, разни украсни елементи и слично.

Новата генерација на 208 својата премиера ќе ја има за десетина дена на салонот на автомобили во Женева. Сега веќе може да очекуваме Peugeot да објави и официјални фотографии, како и прелиминарните детали за него. Засега знаеме дека покрај бензинските и дизелските ќе биде понуден и во електрична изведба, која се очекува да има автономија од околу 300 километри.

клучни зборови: ,