Почнува со наплата патарината Смоквица-Гевгелија

Top News Македонија

Почнува со наплата патарината Смоквица-Гевгелија

Објавено на 26 август 2019 година

Гевгеличани и сите кои патувате натаму: орото и музиката одамна завршија и дојде време сметката да се плати – од денес започнува со наплата патарината на автопатската делница Смоквица-Гевгелија. Смокви не примаат, така што ќе мора да одвоите толку колку што ќе ви побараат – по 100 денари за автомобил, 60 за мотоцикл, 160 за комби возило, 290 за камион или автобус и 430 за влекач.