ПОЦ – На барање на жителите на Капиштец

Вести Македонија

Нова организација на две паркиралишта

Се менува начинот на организирање и наплата на паркиралиштето „Дилајла“ и подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“

објавено на 27.07.2020

На барање на жителите на населбата „Капиштец“, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје воведува промени во начинот на организирање и наплата на паркиралиштето „Дилајла“ и подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“, со цел да се реши проблемот со паркирањето во овој дел на Општина Центар и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.

Од денес, пуштен е во употреба новиот систем за контрола на влезно-излезните рампи на паркиралиштето „Дилајла“ кое ќе функционира како паркиралиште од затворен тип. Жителите резиденти на ул. Васил Ѓоргов бр.29 и ул. Козара бр.68 ќе имаат бесплатен пристап, додека за останатите граѓани цената за паркирање на паркиралиштето ќе биде иста како и во сите комерцијални паркиралишта во Зона 1 – 60 денари за 1 час.

Подземното паркиралиште во ООУ „Киро Глигоров“ ќе биде резидентно паркиралиште за жителите на ул. Васил Ѓоргов бр.33 и 33а.

„Заедно со градоначалникот остваривме неколку средби со граѓаните кои живеат во опфатот на овие паркиралишта и заеднички дојдовме до ова решение со цел да го решиме паркирањето во овој дел на Општина Центар и да воведеме поголем степен на контрола и ред во паркирањето за да им овозможиме на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.