Посетете го салонот на Киа Моторс Македонија од дома
За првпат на домашниот пазар се појави една нова револуционерна опција – виртуелен салон на автомобили
Објавено на 15 април 2020 година
Како општествено одговорна компанија која се грижи за своите клиенти и вработени, Киа Моторс Македонија излезе со нова револуционерна понуда на домашниот пазар – виртуелен салон на автомобили. Во него се достапни за разгледување моделите од актуелната гама Rio, Stonic, Ceed, Xceed, Proceed и Sportage, со цел да ги доближи и да им ги презентира на потенцијалните купувачи каде и да се. Отворањето на ваквиот прв виртуелен салон за автомобили во нашата земја доаѓа во вистинско време заради актуелната состојба и препораките за ограничено движење. Но, тоа не е единствената причина. Голем дел од светските брендови веќе подолго време работат на ваков тип продажба. Во виртуелниот салон има можност да се погледнат голем дел од актуелната гама на модели, кои покрај тоа што може да се разгледаат до секој детаљ, низ него може да се видат и неколку точки кои ја објаснуваат опремата што ја имаат.
До овој салон може да пристапи кој кога сака и од било каде – сé што треба да се направи е да се кликне на следниов линк http://www.kiamotors.com.mk/360saloon.php.