Повторно во функција катната гаража „Судска палата“
Објавено на 1 ноември 2019 година
Паркинзи за општина Центар ги известуваат возачите дека од денес катната гаража „Судска палата“ повторно работи. Причина за принудната пауза од повеќе од еден месец во функционирањето на оваа катна гаража беше дефектот со електричното напојување, кој е саниран од страна на јавното претпријатие и општината Центар, а во завршна фаза е и санацијата на покривот на гаражата. Целокупна штета изнесување околу 1.100.000 денари. Истовремено и службите на Паркинзи на општина Центар се враќаат во своите простории во овој објект, така што сите корисници кои треба да склучат/продолжат договор или да извршат плаќање од понеделник треба да го сторат тоа во дирекцијата на јавното претпријатие во катната гаража „Судска палата“, или пак електронски на веб-страницата www.poc.mk.