Патот Штип-Радовиш нема да биде затворен

Top News Македонија

Патот Штип-Радовиш нема да биде затворен

Објавено на 25 јуни 2020 година

Иако претходно беше известено дека денес од 12:40 часот експресниот пат Штип-Радовиш кај местото Пилав Тепе ќе биде затворен заради минирање, од фирмата која ги изведува работите известија дека денес нема да се работи и дека сообраќајот ќе се одвива непречено во двата правци без прекини и застои. Затоа пак од вчера заради изведување градежни работи, односно асфалтирање, регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – село Извор, на делот крак – Лазарополе, сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11:00 до 13:00 часот. Овој изменет режим ќе трае сé до завршување на градежните работи. Сообраќајот на другите патишта се одвива без забрани, по суви коловози, но на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.