Паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Објавено на 4 јануари 2020 година

Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар нѝ испрати непријатна новогодишна честитка – од среда, 8 јануари, ги зголемува цените на паркинзите со кои стопанисува за 20 денари. Со цел како што се вели во соопштението да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење, со новиот ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта на ова претпријатие е предвидено зголемување на цените на паркиралиштата со наплата, додека висината на месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги остануваат исти. Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува ПОЦ. Одлуката за усвојување на новиот ценовник донесена од управниот одбор на претпријатието едногласно беше изгласана од советниците на општина Центар. Се апелира до сите граѓани кои не се жители на општина Центар да ги остават своите автомобили и да го користат градскиот и  алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети и т.н.) со кој значително ќе се реши сериозниот проблем со паркирањето во центарот на Скопје, како и проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER