Откажан и EICMA

Top News Салони

Откажан и EICMA

Објавено на 29 јуни 2020 година

Уште една лоша вест за мото-индустријата – после Intermot, откажан е и миланскиот EICMA. Вината за тоа подеднакво е поделена меѓу глобалната пандемија и одлуките на бројни марки да не учествуваат никаде во текот на годинава. Организаторите како да го очекуваа ова и се концентрираа да обезбедат услови тој непречено да се одржи идната година. Директорот на салонот Паоло Магри изјави дека значењето и историјата на EICMA како опшествено одговорна манифестација не дозволуваат да се стави под ризик здравјето на изложувачите и посетителите и откажувањето на салонот е сосема логичен потег. Јасно е зошто така размислуваат бидејќи турканиците и големата гужва се сосема вообичаена слика за EICMA.