Од денес до Штип за половина време побрзо
Објавено на 5 јуни 2019 година
По долги и бројни одложувања, без никаква најава од денес автопатот од Миладиновци до Штип е пуштен во употреба. Официјално пробно, но неофицијално како и во изминатиов период сите возачи кои патуваат до источниот дел на Македонија од Скопје до Штип ќе можат да стигнат за половина од досега потребното време. И тоа бесплатно, барем засега, додека одлуката на владата донесена пред некој ден за наплата на патарина и на оваа делница не биде спроведена во дело.