Од Велес кон Скопје сепак преку Куманово или Крушево

Top News Македонија

Од Велес кон Скопје сепак преку Куманово или Крушево

Објавено на 16 јануари 2020 година

И додека автопатот од Велес кон Скопје заради сообраќајна несреќа случена утрово меѓу повеќе возила на местото Кула сé уште целосно беше затворен за сообраќај, дојде до прекин на сообраќајот и на најблискиот алтернативен правец преку Свети Николе и по новиот автопат до Миладиновци заради истата причина – сообраќајна несреќа. Така на оние кои во моментов имаат неодложна потреба да стигнат од Велес до Скопје им порачуваме дека ќе мора да патуваат преку Куманово, Кратово, Крушево… Информации за тоа до кога сообраќајот на овие две места ќе биде во прекин, засега нема.