Обиколницата отворена за сообраќај
Објавено на 11 јуни 2019 година
Надлежните служби известија дека сообраќајот на скопската обиколница во насока од запад кон исток кој заради сообраќајна незгода во која се имаат судрено два камиони кај клучка Радишани беше во целосен прекин, е нормализиран. На сите други патишта сообраќајот се одвива по суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. Вообичаено, се апелира за зголемено внимание, почитување на сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони, посебно на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. На граничните премини на македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.