Обиколницата затворена за сообраќај

Македонија

Обиколницата затворена за сообраќај

Објавено на 11 јуни 2019 година

Заради сообраќајна незгода која се има случено кај клучка Радишани, сообраќајот на скопската обиколница во насока од запад кон исток е во целосен прекин. Надлежните служби известуваат дека тој клучката Качанички пат се пренасочуваат кон Скопје. На сите други патишта сообраќајот се одвива по суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. Вообичаено, се апелира за зголемено внимание, почитување на сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони, посебно на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. На граничните премини на македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.