Горивата со минимални промени
На својата редовна седница регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени на горивата. Како и секогаш, раководејќи се според методологијата за нивно утврдување, а земајќи ги предвид референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со претходната пресметка кај бензините забележаа зголемување за 0,396% а кај дизелот намалување за 0,764%, како и промената на курсот на доларот кој поскапе за 0,246%, од утре горивата во Македонија ќе се продаваат по следниве цени:
- моторен бензин еуросупер БС-95 – 87,00 денари за литар
- моторен бензин еуросупер БС-98 – 89,50 денари за литар
- дизел гориво еуродизел БС Д-Е V – 81,00 денари за литар