Новости од Volvo Cars Македонија

Новости од Volvo Cars Македонија

Промотивна кампања на Volvo Cars, пристигнува и новиот S60

Објавено на 1 октомври 2019 година

Со почетокот на месец октомври пристигна и пријатно изненадување од Volvo Cars Македонија – официјалниот застапник на Volvo Cars за Македонија, Премиум АГС, најави кампања со промотивни цени за сите автомобили на залиха. За сите оние кои се заинтересирани да зачекорат во светот на Volvo, октомври е вистинскиот месец да го сторат тоа. Бенефициите се однесуваат за сите модели на Volvo кои во моментов се изложени во салонот на Volvo Cars во Скопје, а тоа ги вклучува V40, XC40, XC60, XC90, како и V60 и S90. Промоцијата доаѓа откако изминатиот месец Volvo започна со промоција и на новиот начин на финансирање – Volvo Car финансирањето со фиксна каматна стапка од 4,5% и отплата до 84 рати, реализирано во соработка со S-Leasing.

Од Premium AGS најавија уште два важни настани кои се планирани во текот на оваа кампања, а тоа е домашната премиера на новиот Volvo S60 – модел кој конечно пристигна во Македонија (и тоа во R-Design изведба), како и специјален настан за сите заинтересирани за запознавање со моделите на Volvo – отворен ден во салонот во Скопје кој ќе се одржи кон средината на октомври. Поканата за посета на новиот салон на Volvo Cars во Скопје е отворена за сите, кои исто така ќе можат да направат и тест возење на моделот за кои се заинтересирани, што може да се закаже на следниов линк: https://www.volvocars.com/mk/test-drive.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER