Нови цени на горивата

Вести Македонија

Дизелот останува стабилен

Од полноќ симболично поевтинување на горивата и поскапување на Екстра лесното масло за домаќинство

објавено на 27.07.2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука занамалувањена малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од пред седум дена. Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат зголемување:кај бензинот 0,82%, кај дизелот 2,47%, кај екстра лесното масло 2,79% и кај мазутот 0,688%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,211 %. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литари ќе изнесува 53,00 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќќе изнесува 26,060 ден/кг.