Нови патарини, нови цени
Објавено на 4 јуни 2019 година
Се научивме секоја вест за патарините да биде непријатна за слушање – такви се и следниве две. Првата е наша – се воведува наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија-Гевгелија, Миладиновци-Свети Николе и Свети Николе-Штип. Втората е од Србија, каде патарината поскапува за 12 отсто. Ова засега е само предлог кој сигурно ќе биде преточен во реалност, со што како велат од српската влада, само годинава од џебовите на возачите ќе се извлечат дополнителни 16 милиони евра.