Новите патарини ќе чинат 13,7 милиони евра
Објавено на 20 септември 2019 година
Со европски пари, Македонија ќе го воведува електронскиот начин на наплата на патарините со смарт-картички и токени на сите автопатски делници. Инвестицијата ќе чини 13,7 милиони евра, од кои огромен дел, поточно 13 милиони, ќе се обезбедат со заем од ЕБОР, а остатокот се наши пари. Како дел од проектот се предвидени и модернизацијата на сегашните наплатни станици кон запад, како и изградба на новите на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Планирано е и на сите патарини да се инсталираат соларни панели кои ќе обезбедуваат струја за функционирање на опремата, како и проширување на патарината кај Миладиновци. Предвидениот рок за сето тоа е 12 месеци. После тоа, целиот систем на патарини во Македонија ќе функционира интегрално, но сепак на секоја рампа ќе мора да застануваме за да ја покажеме смарт-картичката или пак ако поседуваме таг, тогаш да ја поднамалиме брзината. Како (треба да) функционира целиот систем можете да погледнете во видеото.
Видео