Новите еколошки автобуси наскоро ќе бидат ставени во функција

Top News Македонија

Новите еколошки автобуси наскоро ќе бидат ставени во функција

Објавено на 21 мај 2020 година

Со пристигнувањето на првата тура од новите автобуси, Скопје ќе стане една од многуте метрополи каде јавниот градски превоз се одвива еколошки, со погон на гас. Ќе бевме посреќни тие да беа на струја, ама и овој мал чекор претставува вовед во големи промени на нашите сфаќања за чистотата на воздухот што го дишеме. Тие се од марката MAN кој е водечки европски производител на автобуси со погон на гас – првиот таков го имаат направено во 1943 година. Ќе бидат во две изведби – единечни од 12 метри и зглобни со должина од 18,75 метри, а ги задвижува хоризонтално поставена погонска група која кај единечните има 272 а кај зглобните 310 коњски сили. Резервоарите му се поставени во аеродинамичниот додаток на покривот, со кој овој автобус досега до 3,3 метри височина.

клучни зборови: