Новиот Kia Ceed пристигна во Македонија

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Новиот Kia Ceed пристигна во Македонија

Со пристигнувањето на новиот Ceed се комплетира гамата на Kia Motors со долгоочекуваниот нов модел од Ц-сегментот
Објавено на 19 октомври 2018 година

Третата генерација на Kia Ceed веќе е на располагање на македонските купувачи, кои можат да го разгледаат во салонот на Киа Моторс Македонија во Скопје. Направен е на новата K2 платформа, со малку променети димензии: возилото е 2 сантиметри пошироко и 2,3 сантиметри пониско. Должината и меѓуоскиното растојание останаа непроменети, а волуменот на багажникот е зголемен за 15 литри и сега изнесува одлични 395 литри. Моторната гама на новиот Ceed почнува од 1,0 литарскиот турбо агрегат со 120 коњски сили, а во бензинската понуда се вклучен и мотори со зафатнина од 1,4 литри – атмосферски и турбо, со моќност од 100 и 140 коњски сили. Ќе се нуди и 1,6 литарски турбодизел со моќност од 136 коњски сили кој ги задоволува Euro 6d стандардите. Kia ќе ги нуди моторите во спрега со 6-брзински мануелен или со 7-степен роботизиран менувач со две спојки.


Kia Ceed Новиот Kia Ceed е технолошкиот исчекор на Kia Motors во сегментот, а опремата вклучува адаптивна контрола на крстарење, управување на дел од функциите на автомобилот преку паметен телефон, JBL аудио-мултимедијален систем со три различни по големина на дисплеи, како и електронски системи за асистенција кои го следат движењето во лента, во мртва зона, во прегледот на возачот и помагаат при паркирање и излез од паркинг.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER