Нова иднина, ново лого, нов Volkswagen
Објавено на 24 август 2019 година
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen се подготвува за почетокот на својата нова иднина што ќе одбележи со нов модел и ново лого. Новиот Volkswagen, како што самите велат, ќе биде претставен на салонот на автомобилите во Франкфурт. Целта е да се креира имиџ на компанија ангажирана на заштитата на околината и да се огради од последните години од своето минато. Патот кон мобилноста без штетни емисии на кој се очекува до 2025 година да се стане лидер на ова поле ќе го предводи електричниот ID.3, за кој веќе е извесно дека ќе ја достигне популарноста на Буба и Golf. Тој на својот нос гордо ќе го носи и новото лого, кое со редизајнот го загуби тридимензионалниот ефект. Некои тврдат дека VW всушност без многу фанфари веќе го има покажано новото лого во една своја кампања, но за официјална потврда дали навистина е тоа ќе почекаме уште две недели.