Нова генерација на BAC Mono (видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Балансирање на екстремноста

Британската мануфактура Briggs Automotive Company претстави нова генерација на својот болид за улична употреба

Ако го споменеме зборот BAC, од прва сите ќе помислиме дека се работи за некоја нова кинеска марка возила со сомнителен квалитет. Но всушност зад таа кратенка се крие британскиот Briggs Automotive Company, бутик производител на екстравагантни возила, всушност болиди наменети за нормален сообраќај. Сфатете го ова со резерва бидејќи вакво нешто никој не може нормално да вози – во прашање е спортски автомобил со едно седиште, што го потврдува и неговата ознака Mono.

Тој постои повеќе од деценија, време за кое постепено, смислено и издржано се надградува. Најновата негова итерација секако ги задржува атрибутите од претходните модели, додавајќи им нова димензија уживање во возењето. За тоа ќе се погрижи 2,5 литарскиот атмосферски четирицилиндричен мотор со 320 KS кои се остваруваат при лути 8.000 вртежи во минута, спарен со шестстепен секвенцијален менувач. Сите панели на каросеријата се направени од јагленородни влакна, што резултираше со вкупна тежина од само 570 kg. Тоа на овој едносед му овозможува од 0 до 60 милји на час (96 km/h) да забрза за 2,7 секунди.

Производството веќе е започнато и првите примероци ќе бидат испорачани наскоро, по цена која не е објавена. Доколку ве интересира, британскиот BAC има продажна мрежа во 47 земји низ целиот свет.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER