На Табановце празно, на Богородица колони
Објавено на 14 јуни 2019 година
Продолжен викенд и нормално, очекувани гужви на јужната граница. Според надлежните служби официјално на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, но неофицијалните извештаи од терен кажуваат за друга слика – дека на Табановце е празно, а на Богородица има колони. Но камерите од граничните премини сепак покажуваат дека тие не се со загрижувачка должина. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а забрани или ограничувања нема никаде, освен оние што се однесуваат за делниците каде се одвиваат градежни работи. Денес и на нив е празно, но сепак вниманието не е на одмет заради сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, препораките треба да се почитуваат. Градежи работи и посебен режим на сообраќај на повеќе локации ќе има и во Скопје, но заради празничниот режим во кој ќе пулсира градскиот живот тие нема во голема мерка да влијаат на нормалните сообраќајни текови.