Заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски
Објавено на 8 јуни 2019 година
Град Скопје извести дека во рекордно време, за помалку од 2 недели, заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски на потегот од крстосницата кај Палома Бјанка до булеварот Свети Климент Охридски со должина од 240 метри. На оваа витална сообраќајница се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја на површина од 3.750 квадратни метри. Во наредната фаза предвидена е и комплетна реконструкција на велосипедските и на пешачките патики на овој потег од двете страни на улицата. Реконструкцијата ја извршија екипите на Бауер БГ, а инвестицијата чинеше за реализацијата на овој проект Град Скопје издвои 74 илјади евра.