Нафтата скокна на скоро 35 долари

Top News Занимливости

Нафтата скокна на скоро 35 долари

Објавено на 21 мај 2020 година

Квотите за јунските испораки завршија, а со тоа и времето кога цената на нафтата беше ниска – денешниот ден во кој тргувањето сé уште трае таа се искачи до скоро 35 долари за барел. Тоа ќе придонесе за стабилизација на пазарот со црно злато, кој сериозно беше нарушен со доцнењето на намалувањето на производството од страна на ОПЕК и другите нафтени велесили, заради што се створија залихи кои толку беа големи што веќе немаа каде да се чуваат. Сега, откако дел од големите потрошувачи ги намалија ковид-ограничувањата побарувачката се зголеми – малку, но сосема доволно за да дојде до раст на цените. Експертите сепак предупредуваат дека опасностите не се сосема оставени зад себе и дека ако повторно дојде до нарушување на пазарот заради незаситноста некои производители, тоа ќе биде толку големо што цената на нафтата ќе падне и до минус сто долари за барел.