Ми-Да Гранд Моторс » Сигурен сервис за секое возило

Top News Македонија

Сигурен сервис за секое возило

Објавено на 24 март 2020 година

Увозникот за Ford и Hyundai за Македонија Ми-Да Гранд Моторс ги известува сите сопственици на возила и свои клиенти дека со оглед на новата ситуација со коронавирусот и општата грижа за здравјето на сите, воведе дезинфекциски и хигиенски процедури во механичкиот и лимарски сервис. Секое возило при прием се дезинфицира и се користат заштитни материјали при неговото маневрирање. При посетата на објектот неопходна е дезинфекција на самиот влез, а потоа комуникацијата се одвива бесконтактно на означена далечина. Вработените се опремени со заштитна опрема како би го заштитиле своето и здравјето на клиентите. Секој што има потреба од услугите на Ми-Да Гранд Моторс може да ги контактира нивните сервисни специјалисти телефонски на бројот 02/3073-103 или он-лајн преку следните линкови и и-мејл адреси:

– за Ford на http://mojservis.ford.mk/ или contact@ford.com.mk

– за Hyundai на http://hyundai-mk.mk/kontakt/zakazete-termin-za-servis или contact@hyundai-mk.mk

 

клучни зборови: ,