Ми-Да Гранд Моторс е новиот официјален импортер и сервисер на Hyundai

Top News Македонија

Ми-Да Гранд Моторс е новиот официјален импортер и сервисер на Hyundai

Почнувајќи од 01.01.2020 година, Hyundai има нов официјален претставник во Македонија

Објавено на 14 јануари 2020 година

И официјално, Ми-Да Гранд Моторс ги информираше јавноста како и постоечките и потенцијалните сопственици на возилата на Hyundai за почетокот на работа на новиот официјален дом на корејската марка, сместен во склоп на автомобилскиот центар Ми-Да Гранд Моторс на бул. Босна и Херцеговина бр.1 во Скопје, каде се изложени најновите модели на Hyundai и е достапен професионален сервис. Исто така известија и дека по повод новиот дом на Hyundai во Македонија следат промоции и изненадувања, а го истакнаа и важното известување до сите сопственици на Hyundai возила на кои сé уште им важи гаранцискиот рок, чии возила под гаранција мора да се сервисираат во овластен сервис како не би се изгубиле гаранциските привилегии.

 

клучни зборови: