Ми-Да Гранд Моторс » Бесплатна услуга за сите медицински лица

Top News Македонија

Бесплатна услуга за сите медицински лица

Објавено на 3 април 2020 година

Увозникот на Ford и Hyundai за Македонија, Ми-Да Гранд Моторс од Скопје, активно се вклучува во борбата со вирусот Covid-19. Покрај веќе воведените дезинфекциски и хигиенски процедури во механичкиот и лимарски сервис, оваа наша компанија како дел од политиката за општествена одговорност излезе и со поддршката на здравствените работници кои се овој период на првите линии. Ми-Да Гранд Моторс отсега на сите медицински лица овозможува бесплатна услуга (работна рака) при редовен сервис на возила од марките што ги застапува – сé што треба тие да направат е при посетата да ја покажат својата легитимација од лекарската комора. Сите кои работат во здравствениот сектор можат да ги контактираат за да го закажат својот термин на телефонот 02/3073-103 или или он-лајн преку следните линкови и и-мејл адреси:
– за Ford на http://mojservis.ford.mk/ или contact@ford.com.mk
– за Hyundai на http://hyundai-mk.mk/kontakt/zakazete-termin-za-servis или contact@hyundai-mk.mk

клучни зборови: ,