Малку ред во хаосот

Tesla тренира строгост

Tesla реши да ги дисциплинира сопствениците на електрични возила наплатувајќи им по долар од минута за непотребното држење на полначот

Покрај бројните недостатоци, една од маните на електричните возила е што морате да барате слободен полнач. А има ли поголема фрустрација од тоа кога ќе забележите дека некој пред вас го има оставено автомобилот приклучен на полнач со часови и отишол да си брка работа, притоа најчесто и не плаќајќи за паркинг? За да стави  крај на ваквото неодговорно и нефер однесување, Tesla одлучи на дел од своите станици да наплаќа по долар од секоја минута кога наполнетоста на батериите на приклученото возило ќе надмине 90 отсто. Според калифорниската компанија чие седиште сега е во Тексас целта на овој потег е луѓето да се навикнат да го дополнуваат автомобилот само толку колку што им треба.

За почеток ваквиот начин на наплаќање на полнењето ќе се применува само на одредени локации во САД, но тоа не значи дека нема да стане практика насекаде низ светот. Ако се прашуваме ние и треба, и тоа на сите полначи а не само на оние на Tesla.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER