Македонска Премиера – Toyota bZ4X

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Прв од својот вид

Македонската промоција на Toyota bZ4Х ја означува пресвртницата во работењето на Тојота Авто Центар. Електрифицираните, или ако повеќе сакате хибридните возила, во Македонија ги запознавме токму преку понудата на Toyota и Lexus која сега е проширена на целата флота. Улогата на пионер во целосно електричните возила Јапонците ја пропуштија но во ниту еден случај не го запоставија развојот.Нашите автомобилски ентузијасти добија нова опција во изборот на БЕВ, тоа е електричниот кросовер bZ4X. Всушност е кратенка од (beyond Zero emission 4 Cross), првите букви укажуваат дека се работи за погон без емисија на штетни гасови, а вторите облежја за погонот и припадноста на моделот. Ова е првиот од вкупно најавените 30 БЕВ што Toyota планира да ги лансира во оваа декада. Со капацитет на батеријата од 74,1 kWh обезбедува автономија до 450 километри според WLTP. Основната изведба има погон на предните тркала кого го испорачува електро-мотор силен 150 kW (204 КС), а во верзијата со погон на сите тркала додаден е уште еден модул на задната оска кој ја зголемува вкупната моќност на 160 kW (218 КС) и 336 Nm, доволни да ја „уловат стотка“ за 6,9 секунди. Перформансите се важни, но не пресудни за купувачите на електричните возила. Затоа во bZ4X фокусот е ставен на ергономијата, просторноста и квалитетот на престојот во кабината. Внатрешноста е направена по терк на премиум возило, исполнета со конективни можности, асистенти на возачот и безбедносни системи. Од практичните можности се издвојува автономното паркирање без асистенција на возачот и едно педалниот систем за забрзување и сопирање. Така би ја доживеал bZ4X возачот, а него ќе го гледаат од надвор како сопственик на маркантно возило со интригантен дизајн. Најдобар впечаток остава кога ќе се доживее и почувствува лично, па затоа запознајте го bZ4X во салонот на Toyota. Цената зависи од моторизацијата и опременоста па се движи од 50.990 до 62.990 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER