Лука де Мео назначен за главен извршен директор на Renault

Top News Занимливости

Лука де Мео назначен за главен извршен директор на Renault

Објавено на 28 јануари 2020 година

Бордот на директори на Renault донесе одлука да го назначи Лука де Мео за главен извршен директор на компанијата, почнувајќи од 1 јули 2020 година. Највисокото раководство на Renault сметаше дека тој преку својата кариера, искуство и успех на претходните функции ги има сите квалитети за да придонесе за сите аспекти на развојот и трансформацијата на групата. Истовремено за негов заменик е назначена Клотилд Делбо, која како сегашен привремен главен извршен директор ќе продолжи со задолженијата додека Де Мео не ја преземе функцијата. Искажувајќи ја својата целосна доверба во нив, бордот на директори на Renault им посака успех на новите лидери. По тој повод претседателот на бордот на директори Жан-Доминик Сенард изјави: „Новото раководство претставува одлучувачки чекор за групата и алијансата. Лука де Мео е одличен стратег и визионер на динамичниот автомобилскиот свет. Неговата стручност, но и страста кон автомобилите, на групацијата ќе им дадат вистинска предност. Заедно со Клотилд Делбо која обезбеди привремено управување на исклучителен начин и со поддршка на обновениот и зајакнат извршен комитет тие ќе формираат висококвалитетен, мултиталентиран тим еднаков на амбициите на Renault.“

Роден во Милано во 1967 година, Лука де Мео има дипломирано бизнис администрација. Ја започна својата кариера во токму во Renault пред да се приклучи прво на Toyota, а потоа и на Fiat каде управуваше со брендовите Fiat, Lancia и Alfa Romeo. Од 2009 година е во Volkswagen, најпрво како директор за маркетинг на марката и на групата, а потоа и како член на одборот на директори надлежен за продажба и маркетинг на Audi, претседател на Seat и член на бордот на директори на Ducati и Lamborghini.

клучни зборови: