Летни цени за паркирање во Охрид – во центарот еден час 100 денари

Top News Македонија

Летни цени за паркирање во Охрид

Објавено на 1 јуни 2020 година

Со соопштение преку фејсбук, јавното претпријатие Билјанини Извори ги извести граѓаните, институциите и другите корисници на градскиот паркинг простор со кој стопанисува дека од денес, 1 јуни, започнаа да се наплатуваат летните цени за паркирање во Охрид кои за еден час за зоната А изнесуваат 40 денари, за зоната Б 30 а за премиум зоната 100 денари. Овуие цени ќе важат до 1 септември. Плаќањето паркинг може да се изврши преку СМС порака или пак со гребна карта. Неплаќањето на паркинг ќе се санкционира со платен налог на 1.000 денари