Многу добро не е на добро
Со намера да создаде филигрански автомобил, Nissan западна во маки со новите технологии
Nissan се соочува со сериозни маки во производството на спортскиот модел во оваа генерација едноставно означен со буквата Z. Конкретно проблемот е во високоавтоматизираниот процес на боење на каросеријата во фабриката во префектурата Точиги. Иако не е објавено точно од која причина, целиот процес толку го забавува производство на Nissan Z што купувачите би можеле да чекаат и до 5 години на него. Тоа го навестува соодносот на бројот на произведените возила и темпото со кое пристигнуваат нарачките.
Квалитетот на боењето фабриката Точиги го контролираат 11 роботи способни да детектираат честички со големина од само 0,3 милиметри. Во неа освен спортскиот Z се произведува и електричниот кросовер Ariya.


