Крагуевац – Подготовки за новиот БЕВ на FIAT

Според вестите кои стигнуваат од Србија, во фабриката на Stellantis во Крагуевац наскоро ќе започне пробното производство на новиот електричен автомобил на FIAT.

Возилата чија основна задача е да послужат за да се испроба дали сé на монтажната лента функционира како што треба ќе бидат користени и за финалните тестирања на моделот. Тој ќе биде наследник на Panda чиј изглед ќе остане скриен сé до претставувањето ова лето.

Сериското производство кое ќе се одвива во две смени треба да се очекува да стартува во октомври, за што веќе е направен најголем дел од подготовките. Во Крагуевац покрај 500-ната вработени се вратија и околу стотина кои беа привремено на работа во фабриките на Stellantis во Словачка и Полска, а ќе бидат примени и педесетина нови. Што се однесува до автомобилот за него засега се знаат само основните работи.

Тој како што FIAT соопшти пред некое време нема да има ништо заедничко со досегашната Panda и со својот коцкаст дизајн повеќе ќе потсетува на кросовер. Ќе ја има истата техничка основа како и новиот C3, а се очекуваат две верзии со автономија од околу 200 и од 320 километри. За неговото производство во Крагуевац беа инвестирани 190 милиони евра во обновување на фабриката.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER