Кој е Карлос Гон?
Објавено на 21 ноември 2018 година
Апсењето во Јапонија на првиот човек на Renault-Nissan-Mitsubishi одекна како шок-бомба во авто-индустријата. Но кој всушност е Карлос Гон, обвинет за проневера на 44 милиони долари? Човекот-чудо има мешано француско-либанско потекло, а е роден во Бразил. Се има школувано во Либан и Франција, а кариерата ја започна во Michelin каде помина 18 години. Се приклучува на Renault како потпретседател за набавки, напредни истражувања, инженеринг, развој и производство. Неговите неверојатно успешни резултати во преструктуирањето на компанијата го водат до самиот врв, од каде активно работи на формирањето на алијансата со Nissan. Понатаму сé е историја, вклучително и фактот дека најмалку два други автомобилски производители (General Motors и Ford) го имаат барано за раководната функција. Годишно поминува и по 150.000 милји патувајќи со авион, главно на релација Париз-Токио. Карлос Гон годишно заработува 17 милиони долари како претседател и генерален директор на Renault и алијансата и претседател на Nissan и Mitsubishi.