Коронавирус :: Една добра работа (со видео)

Top News Занимливости

Една добра работа

Објавено на 18 март 2020 година

Корона-злото што надвисна над светот со себе донесе и една добра работа – заради намалувањето на сообраќајот и индустриската активност воздухот се прочисти како никогаш досега. Доказ за тоа независно една од друга дадоа НАСА и Европската вселенска агенција чии сателити го следат небото над светот и загадувањето со кое го полниме. Снимките на Американците направени годинава и лани над Кина доволно кажуваат – бојата која се менува од сина во кафеава е концентрацијата на азот диоксид. Европската вселенска агенција пак со видео ја покажа ситуацијата над Италија, на чиј север јасно се гледа опаѓањето на концентрацијата на овој штетен гас. Коментирајќи го тоа, универзитетските истражувачи од британскиот Станфорд пресметаа дека двомесечно намалување на загадувањето на воздухот во Кина ќе ги спаси животите на 5.000 деца под 5 години и на 73.000 лица постари од 70 години.

Видео